НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ УЧЕНИК!

Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците од цела Македонија кои изминатата 2020 година ја завршиле со просек под 3,9.

– Образованието е повеќе од просек 5.0 е проект започнат во 2016 година, којшто има за цел да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени – изјавија од школата.

Преку овој проект, ќе бидат доделени 5 целосни стипендии за новата сезона на обуки на оние кои се талентирани и имаат желба и мотивација своето образование да го
продолжат во насока на дизајн и уметност.

Секој средношколец со просек под 3,9, ќе може да аплицира за целосна стипендија
најдоцна до 2.3.2021, приложувајќи свидетелство од последната година и мотивациско
писмо на следниов линк.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко интервју, а стипендистите ќе бидат
објавени најдоцна до 8 март, на официјалната веб-страница на школата.