Државата нема да дозволи влез на мигранти, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, појаснувајќи дека тоа е политика и на сите земји во регионот.
Спасовски одговарајќи на новинарски прашања во Владата, нагласи дека транзитот повеќе не е опција, а ситуацијата се следи.
– Засега е стабилно и немаме никакво зголемување на мигранти коишто би можеле да се обидат да влезат на територијата на Република Северна Македонија. Меѓутоа, ставот е дека ќе имаме нулта толеранција – изјави Спасовски.