Времето денеска ќе биде сончево, а од пладневните часови и особено на северот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат.
Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.