Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, на места ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 21 степен, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени.
До недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.