За денеска во 11 часот e закажана седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен од собраниските обврски.
За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно треба да гласаат 80 пратеници.