Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се очекува државите од регионот следната недела да одлучат за слободен премин и отворање на границите.
Промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција, иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела.
Филипче во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, истакна дека властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата, бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион. Но оти, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест, за да се премине границата.
Се очекува координатор на македонското Министерство за здравство, следната недела, пред преставниците на другите држави да ја претстави состојбата со ковид-19 во Македонија, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.