Три дежурни пунтови каде ќе се примаат деца со лесна симптоматологија ќе бидат отворени во текот на идната недела во рамки на Здравствениот дом Скопје, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека во пунктовите ќе работат општи лекари и специјалисти од семејна медицина кои ќе бидат првото место во кое ќе се примаат децата кои имаат лесна симптоматологија, со цел да се намали големиот притисок кон Клиниката за детски болести.
– Тие во моментот се едуцираат на Клиниката и откако ќе го разработиме системот во текот на идната недела како нов начин на функционирање и упатување на децата во Скопје, ќе го ставиме во функција, додаде Филипче.