Се намалува бројот на затвореници во затворот „Идризово“ кои штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.
Од затворот „Идризово“ за МИА изјавија дека бројката на затвореници кои одбиваат храна е намалена за половина за време на ручекот и вечерата, во однос на бројката од доручекот.
Штајкот зaпочна вчера, а затворениците најавиле дека штрајкот ќе трае два дена.
Затворениците очекуваат нивните барања да бидат исполнети, а доколку тоа не се случи, најавуваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.