Министерството за внатрешни работи извести дека дека граничниот премин Прохор Пчински, од утре (12 март), од седум часот, во согласност со насоките од Владата, а во врска со Ковид-19, ќе биде затворен за патници и возила.
Поради тоа, сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево.