Во организација на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Ски центар Панорама – Крушево, на 25 и 26 септември беа одржани неколку активности за да се одбележи Светкиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември.
На 25 септември, новиот заменик-амбасадор на Швајцарија, Луциен Аегертер, го посети Крушево и оствари средба со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и други локални партнери. Целта на овие средби беше да се разговара околу минатите и сегашни активности за развој на активниот туризам во Крушево кои се реализираат со швајцарска поддршка.
– Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија, ја имаат за активен туризам. Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот Wхен ин X, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија – изјави Луциен Аегертер заменик-амбасадор на Швајцарија.
Во сабота, 26 септември, организаторите Ски центар Панорама и Швајцарската програма ИМЕ организираа средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта на оваа средба беше дискусија за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација.
Со ова беше најавена новата иницијатива што ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка.
– Денеска, заедно со Ски центар Панорама, Општина Крушево, Агенција за развој и промоција на туризмот, бајкинг заедницата и останатите локални партнери, го одбележуваме почетокот на уште една инвестиција во Крушево. Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед – изјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ.
„Создавање на вело патеките е од одгромна важност за дополнување на туристичката поддршка, и промоција на активниот туризам во Крушево“,изјави Јаким Митревски, преставник на Хотел Панорама.
„Нам како велосипедисти важно ни е обележување на се повеќе велосипедски патеки, и поголема и подбра интраструктура низ целата дестинација”, рече Здравко Ристевски, еден од организторите на фестивалот „Крушево низ корија“.