Санирано свлечиштето над регионалниот пат Прилеп-Охрид Свлечиштето над регионалниот патен правец Прилеп-Охрид кое е во непосредна близина на градот Битола е санирано.
Регионалниот патен правец Прилеп-Охрид кој на подрачјето на Битола беше во функција на обиколница целосно е решен и од денеска сообраќајот се одвива во два правца и по две сообраќајни ленти.
Во изминатиот период заради свлечиште над патот, сообраќајот често беше во прекин и пренасочуван низ градот Битола, а последниов период беше регулиран со семафор и со можност за движење по една сообраќајна лента.
Со ставањето во функција на обиколницата и непречен проток на возила на регионалниот пат значително ќе се намали загадувањето на воздухот во градското подрачје, но и безбеноста во градскиот сообраќај бидејќи во изминатите неколку месеци тешките возила, камиони и камиони со приколки минуваа низ населбите во Битола.