Руските државни архиви во Санкт Петербург и Москва изобилуваат со богат материјал кој посведочува за посебноста на Македонците и специфичните карактеристики на македонскиот јазик. Особено е интересна коресподенцијата помеѓу руските конзули во Македонија и руското Министерство за надворешни работи, пренесена во монографијата „Македонија кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, јаболко на раздорот на Балканот“.
Рускиот конзул А. Петрајев во својот извештај од 1907 година истакнува дека „неколку села во Костурската каза се откажувале од сите други етнографски самоопределувања и упорно се нарекуваат себеси Македонци. Конзулот вели дека месното македонско население сака да живее согласно своите обичаи и да говори на своето родно наречје. А. Петрајев во своите белешки националностите во Македонија вели „со исклучок на Турците, Евреите и Циганите, сите останати преставуваат македонски тип кој не може да се вброи во познатите етнографски групи“. Според конузулот, даваните национални називи се јавуваат како политички етикети дофрлени од соседите на Македонија или пак од заинтересираните за нејзината судбина.
В. Кал – рускиот конзул во Битола, вели дека „месниот јазик, пред сѐ, е типичен, карактерен и чуден, и покрај различните влијанија на кои се нашол, заслужува меѓу словенските јазици одделно самостојно да се именува како македонско наречје“. Д.С.