Родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица од денеска се враќаат на работа. Тоа се должи на одлуката што Владата ја донесе пред две недели, по отворањето на градинките и дневните центри за ран детски развој, кога се утврдија протоколите за функционирање во сите сфери.
Родителите во неколку наврати организираа и протести поради одлуката на владата, велејќи дека нема кој да ги чува нивните деца, како и дека немаат доволно средства за да платат негувателки. Од Владата, пак, нагласија дека е нелогично и беспредметно родителите да не одат на работа.
Хронично болните пациенти имаа рок до денеска да посетат специјалист. Министерот за здравство Венко Филипче, претходно информираше дека по потреба рокот ќе биде пролонгиран.