На денешниот состанок на Кризниот штаб
На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што дополнително ќе бидат утврдени бројките за здравствените објекти што ќе треба да бидат обезбедени.
Ова го истакна директорот на Центарот за управување за кризи, Стојанче Ангелов по завршувањето на состанокот на кој бил подготвен акцискиот план за справување со кризи.
Истовремено, предложено е во Кризниот штаб да се вклучи и претставник на невладиниот сектор со цел поголема транспрентност на работата на клучните институтции задолжени за справување со корона-кризата.
„Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, рече Ангелов.