Во 15 часот пред Владата угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегоа на протест. Бараат донесување на протоколи за работа на рестораните за организирани настани и да се вратат во функција сите комплементарни дејности.
Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.
Протокол за работа чекаат веќе една година.