Во Кинотеката на Македонија вечерва беа промовирани избрани дела на Стојан Андов. Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.
За мемоарско-публицистичките и литературни дела говореа главниот уредник на изданието Раде Силјан, академикот Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.

Со промоцијата на избраните дела „Матица македонска“ ја одбележа и осумдесет и тригодишнината од раѓањето на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија.
