Променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 36 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има во четврток и петок.
За време не викендот се очекува постабилно и сė потопло време.