Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Помалку услови за појава на дожд ќе има во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец.