Времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од девет до 23 степени.
Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.