Владата на денешната 85-та тематска седница го одобри пакетот за финансиска поддршка за финансирање на инфраструктурни проекти на општините, од програмата ТАВ.
– Вториот пакет опфаќа 36 општини на кои им се одобрени проектите со кои тие аплицираа за оваа програма и со кои се опфатени изведби на инфраструктурни зафати од непосреден интерес на граѓаните – информираат од владината прес-служба.
Владата пред шест месеци одлучи средствата што беа предвидени за карго-аеродром во Штип да ги пренамени за инфраструктурни проекти во 75 општини во државата.
Кон средината на минатиот месец беа доделни првите договори за 23 општини во вредност од 9,9 милиони евра.