Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температура од 17 до 32 степена.
И во вторник сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и западните делови.
Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата.
Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.