Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје претпладне сончево и топло, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 36 степени.