Светата литургија на плоштадот „Македонија“, која пред малку започна ја следат околу 10 илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.
Во самата најава, непосредно пред почетокот на мисата, беа истакнати правилата како и тоа дека сите сме повикани будно и со вера да учествуваме на светата аристија, притоа да се внимава и избегнува подигање на било какви транспаренти знамиња и слични облежја.
Во текот на Светата Миса за време на делењето на светата причест свештениеците во придружба на волонтери ќе дојдат до секој присутен. На причест може да дојдат само оние кои предходно се исповедани и подготвени.
-Кој доаѓа при мене нема да огладни. Секој кој верува во мене, нема никогаш да ожедни, штотуку ни кажа Господ. Во евангелието околу Исус се концентра една топла која се уште пред очи го имаше умножувањето на лебовите, еден од тие моменти што остана внистан во очите и во срцето на првата заедница на ученици, тоа било за славење, прослва за откривање на изобилието и вниманието на Бог кон своите деца. Станати браќа во делењето и споделувањето на лебот. да ја замислиме за момент таа толпа. Нешто се имаше променето. За еден миг тие жедни и тихи лица кои го следеа Исуса во потрагата за еден збор, стануваат во состојба со нивните раце да го допрат и почувствуваат во нивните тела чудото на братството способно да ги наслади и засити- рече Неговата Светот во неговата молитва посветена на сите пристутни.
Во обраќањето пред вернците папата порача да се следи и делото на светата Мајка Тереза, како пример за братството, милосрдието и сочувството меѓу луѓето.
– Глад за леб, за братство, за бог. Сето ова го познаваше Мајка Тереза. Во неа беше Исус присутен во евхаристијата и сиромаштијата и братството, овие два столба го одбележаа тој пат. Таа одеше со господ и стигна кај понижениот, самиот, и заборавениот брат. Знаеше дека љубовта кон господ постои и кај најмалиот, осамениот, токму таа љубов е доволна да го засити гладниот – рече папата Франциск.
Во текот на Светата литургија се читаат бројни молитви. На плоштадот се присутни верници од сите страни на светот, Италија, Шпанија, Хрватска, САД, Кина, Конго. Ma.M.