На 90 годишна возраст почина Томислав Димовски – Бучки, една од легендите на весникот „Нова Македонија“.
Бучки целиот свој работен век го помина во редакцијата на весникот како фоторепортер. Во неговиот богат репортерски опус се наоѓаат фотографии од најважните настани во Македонија во неколку децении. Партиски конгреси, собраниски седници, народни собири, редица политички настани, цела една историја помина низ неговиот фотоапарат. Во весникот се објавени илјадници фотографии снимени од неговата високо професионална рака, од разни места во Македонија кско и на илјадници познати и непознати личности. Томислав Димовски – Бучки беше особено познат по своите спортски фотографии, пред се од натпреварите на фудбалските клубови Вардар и Работнички. Бучки беше омилен меѓу вработените во Редакцијата, а надвор од неа му беа отворени сите врати.