Се пушти во употреба нов ски-лифт шестосед на Попова Шапка кој ќе им биде на располагање на сите кои ги сакаат зимските снежни активности.
– Денеска имаме можност заедно со директорот на „Елем турс“, Адем Авзиу, и благодарение на поранешниот директор да присуствуваме на ставање на употреба на шестоседот кој ќе им биде од корист на туристите и нашите граѓани. Ние сме убедени дека токму вакви инвестиции ќе привлекуваме туристи, не само од регионот туку и од други држави – рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Според него, шестоседот ќе даде дополнителни услови за сите посетители на Попова Шапка.
– Со цел на директен и индиректен начин да влијаат на економскиот развој на Тетово и регионот – вели Бектеши.
Тој вели дека преку „Елем турс“ веќе се подготвени неколку проекти, кои допрва треба да бидат реализирани.
– Има уште многу работа за завршување во делот на реализацијата на вакви проекти за подобрување на целосната инфраструктура – вели Бектеши.