Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од шест до 28 степени, а УВ индексот ќе изнесува шест.
Во Скопје слично време, со услови за краткотраен дожд, ретки грмежи и температура од 14 до 26 степени.
Утре се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во среда, во раните утрински часови, се уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.