Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на состанокот по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените, што се одржа во рамки на 75 сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации на тема „Забрзување на реализацијата на родовата еднаквост и еманципирањето на сите жени и девојки“.
На настанот, преку претходно снимени видеопораки се обратија над 170 шефови на држави и влади, како и претставници на невладини организации што работат во сферата на родовата еднаквост.
Со обраќањето на денешниот настан, претседателот Пендаровски го заврши учеството на 75 Генерално Собрание на Обединетите Нации, што годинава, поради пандемијата од ковид-19, се одржа без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.