По денешната одлука на владата и официјално да го разреши од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат, сега веќе разрешениот Пауновски во својот натпис на Фејсбук се заблагодарува на поддршката која деновиве му ја дале граѓаните и вработените во институцијата каде работел.
Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција, напиша Пауновски.
Претходно денеска и владата соопшти дека го разрешува директорот на Државниот пазаран инспекторат поради како што беше нагласено во соопштението објавено на Фејсбук „непрофесионално однесување.
– Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат – беше напишано во соопштението од владата.