Заедничката средба на парламентарните групи за законот за јавно обвинителство, нема да се одржи, поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, брифираат собраниски извори.
Министерката за правда Рената Дескоска во текот на денот има одвоени средби со партиите кои имаат амандмани за законот. Пратениците од помалите партии со министерката Дескоска треба да ги изнесат забелешките и да се договорат околу конечниот предлог-текст на законот.
Преговорите на Дескоска со помалите партии, како што дознавме, претставуваат обид да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници со цел законот да се донесе до распуштање на Собранието – 12 февруари. Се очекува законот најдоцна до задутре да биде доставен до Собранието, за да се гласа до неговото распуштање.
По петочната средба опозицијата побара да се прифатат забелешките на правните експерти и заедно со нив министерството да изготви амандмани за законот. ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема да поднесуваст амандмани, но побараа списокот што го доставија со 60-тина забелешки на експертите од јавната радправа да се најдат во текстот на законот.