Во услови на пандемија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе започне да работи телефонската линија 02 3213 227 – „Ало, пензионерски прашања“.
Одговорите ќе ги даваат стручни и компетентни лица ангажирани од Сојузот, секој вторник и четврток од 10 до 12 часот.
На овој начин се потврдува грижата за пензионерите со цел да добијат одговори на нивните психолошко-социолошки и здравствени проблеми, или да остварат обична комуникација со што ќе се потврди значењето на едно „ало“ и вниманието неопходно за луѓето во третата доба.