Обединетата македонска дијаспора жестоко ги отфрла непристојните барања на Бугарија за Македонија, како предуслов за пристапување во ЕУ.
– Красимир Каракачанов, бугарскиот министер за одбрана, изјави дека Македонија ќе согласи да го смени знамето, да го смени името на земјата, а исто така дека ќе ќе согласи да ја смени својата историја, во замена за поддршката на Бугарија за македонското пристапување во ЕУ. Бугарската држава, исто така, достави меморандум за објаснување на сите земји-членки на ЕУ со кое цè намалува македонскиот идентитет и јазик, понатаму инсистирајќи за Македонија да ги негира правата на македонското малцинство кое што живее во границите на Бугарија.Овие видови на активности ќе длабоко загрижувачки и потсетуваат на ера во европската историја што не треба да цè повтори. Тие ги зачудија Македонците и во Македонија и во дијаспората – се вели во соопштението.
Според ОМД, во важен момент во долгоочекуваниот процес на пристапување на Македонија во ЕУ, многу е очигледно дека Бугарија цè занимава со опортунистичко политичко стратегирање против ранливата македонска држава, како средство за извлекување политички отстапки. Бугарија користи сè и сешто за да го казни македонскиот народ, дури и за основните работи како што цè јазикот, националниот идентитет и историјата.
ОМД смета дека бесрамните изјави на бугарската влада не сè ни конструктивни во легитимно унапредување на преговорите со ЕУ, ниту пак придонесуваат поттикнување на пријателски односи меѓу двете соседни држави. Наместо тоа, тие ја нарушуваат кредибилитетот и транспарентноста на процесот на пристапување кон ЕУ, а истовремено го исмејуваат и наводниот договор за „пријателство“ меѓу двете држави.
– Агресивниот став на Бугарија кон Македонија погодно ги намалува значајните домашни проблеми со кои цè соочува владата на Борисов, вклучувајќи и широката распространета корупција, организираниот криминал и опаѓањето на придржувањето кон демократските процеси. Актуелната влада цè соочува со растечки протести и секојдневни собири на незадоволни граѓани. Неуспехот на ЕУ да реагира активно на бурното поткопување на македонската државност од страна на Бугарија, претставува усогласеност со Бугарија. ЕУ не треба да овозможи несоодветни постапки на нејзината земја-членка со неактивност од нејзина страна. ОМД апелира до ЕУ, во духот на демократските принципи и почитта кон националните држави, веднаш да ја осуди Бугарија за нејзините постапки. Тие немаат место во модерната ЕУ која што цè стреми да постигне мир и соработка во Балканот. Признавајќи дека процесот на пристапување на Македонија во ЕУ до денес беше еден од најтешките процеси за една национална држава, ЕУ е должна барем да осигури дека преостанатиот пат на Македонија кон пристапувањето кон ЕУ е фер и разумен, без да биде растоварен од бугарските интереси – се додава во соопштението.