Од октомври годинава околу 4.200 вработени во претшколските установи ќе добијат плати зголемени за пет отсто.
За таа цел, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5 отсто на коефициентите кои се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година.
Со оваа мерка на Владата, која е дел од Информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година, усвоена на денешната 89. владина седница ќе бидат опфатени повеќе од 4.200 вработени во предшколското воспитување.