Облачно, свежо и ветровито со врнежи од дожд, на места пообилни. На повисоките планини со услови за снег.
Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 19 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда.