Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на град Скопје дека согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.
За таа цел започнувајќи од утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во „Бутел“ и „Драчево“ работното време од понеделник до петок ќе биде од 10 до 18 часот.