Бугарското општество продолжува со своите провокација кон Македонците и нивните национални и политички особености. Овој пат станува збор за статија објавена во софискиот „Труд“ со наслов „Во заштита на Бугарската црква во Македонија“, од Спас Ташев – член на историскиот институт на Бугарската академија на науките.
Според авторот: „Комунистичката идеологија пројавува нетрпеливост кон религијата, зашто во идеолошката посветеност во тоталитарното општество не може да има поделби. Единствено дозволена отстапка е поставувањето на религиозните институции под котрола на државата. Токму тоа се случува во март 1945 г. кога на територијата на денешна С. Македонија се создава до тогаш непостоечка црква за да се помогне постигнувањето на набележаните цели.“
Спас Ташев исто така вели: „Тогаш се уште има илузии дека новата власт нема целосно да раскине со бугарските традиции, но последователно двајца од учесниците скапо ги плаќаат своите заблуди-свештениците Методи Гогов и Никола Апостолски се осудени на 5,6 и 2,6 години затвор.“