Нова средба на работните групи ќе се одржи денеска за надминување на разликите околу законот за Јавно обвинителство, во обид да се усогласи верзија на предлог-законот кој ќе се поднесе во Собранието.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.
Од СДСМ, пак сметаат има шанси законот да се донесе пред распуштањето на парламентот.
Министерката за правда Рената Дескоска им испрати писмо на ВМРО-ДПМНЕ во кое им порача ако мислат дека има потреба од измени на текстот на законот, да се посветат на подготовка на амандмани.