Владата го задолжи Министерството за образование и наука во најкус можен рок да спроведе постапка за реконструкција на студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје.
Ваквата одлука следува по прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат, информираат од владината прес-служба.