Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а зголемена фреквенција на возила има и на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.
Од АСМС информираат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.