Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Беровско, поточно селото Будинарци, на увид во ситуацијата со пожарите.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е мобилизирана, ја следи состојбата и директно од терен ќе помага на населението каде што има најголеми проблеми од пожарите, а вети и донација на основни средства за жителите на Беровско.
Тој заедно со граѓаните истовари вода, откако пристигна првата донација од ВМРО-ДПМНЕ.
Во разговор со граѓаните кои му приоѓаа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на партијата е да помага на граѓаните, додавајќи дека состојбата со пожарите излегла од контрола бидејќи недостига институционално раководење.