Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презема функцијата минитер од неговиот претходник, Наќе Чулев.
– Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила – пишува Нухиу на социјалните мрежи.
Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласови „за“.