Миле Сугарев е именуван за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување ФЗО, откако функцијата ја напушти досегашниот директор Ден Дончев.
Ваквата одлука ја донесе Владата на вечерашната седница, а назначениот Сугарев доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗО.
Ден Дончев коментирајќи ја својата оставка рече дека на таков чекор се одлучил поради семејни и здравствени причини.
Дончев беше именуван за директор на ФЗО во август 2017 година.