Владата на денешната седница го разгледа предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во нашата земја, со Промахoи во Грција.
Од владината прес-служба потсетуваат дека спогодбата е склучена на 2 април годинава во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор.
-Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин, стои во владиното соопштение.
Во иста насока е и усвоениот предлог-закон за ратификација на Спогодбата за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога и Лемос.
Како што велат од Владата, овој граничен премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од пограничниот регион.