Сексуалните работници и работнички го одржуваат четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори, здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и нивните поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и коалиција Маргини.
– На улица сме по повод оддбележувањето на 17-ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството на сексуалните работници. Ја потсетуваме јавноста и испраќаме порака до институциите дека и ние сме дел од ова општество и треба да ги уживаме нашите човечки и работнички права, како и сите граѓани. Не треба да заборавиме на потребата на најранливите. Нашата заедница како една од најмаргинализираните, исклучена од владините мерки за помош и од институциите, е овде со цел да ја истакне потребата од итно донесување на нови правни рамки за регулирање на сексуалната работа. Бараме декриминализација на сексуалната работа – изјави една од сексуалните работнички на маршот.