Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски поради силни болки во ногата синоќа го прекина соло маратонот во должина од 64 километри, кој сакаше да го отплива во знак на поддршка на лицата со ретки болести.
Тој исплива 11 километри и 840 метри за 4 часа и 49 минути, а подвигот го прекина кај Градиште. Целта на Марко беше да се обиде да плива од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид.
Марко минатата година го преплива Охридско Езеро за девет часа со што стана најмладиот пливач кој ја препливал таа рута.