Фото: Фејсбук

Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти при Фи­ло­ло­шки­от фа­кул­тет „Бла­же Ко­не­ски“ во Скоп­је са­ка да ја изра­зи сво­ја­та бла­го­дар­ност до Министерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка и до ми­ни­стер­ка­та Ми­ла Ца­ров­ска, по­ра­ди доде­лу­ва­ње­то 15 сти­пен­дии за сту­ден­ти што сту­ди­ра­ат ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и македон­ски ја­зик на овој фа­кул­тет.

На по­че­то­кот на октом­ври, со­о­чу­вај­ќи се со на­ма­ле­ни­от ака­дем­ски ин­те­рес за македони­сти­ка­та ка­ко сту­ди­ум, де­ле­га­ци­ја на Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност поба­ра при­ем кај ми­ни­стер­ка­та Ца­ров­ска. Во де­ле­га­ци­ја­та беа: д-р Кри­сти­на Николовска, ра­ко­во­ди­тел­ка на Ка­те­дра­та, д-р Вес­на Мој­со­ва-Че­пи­шев­ска, раководител­ка на Се­ми­на­рот за ма­ке­дон­ски ја­зик, ли­те­ра­ту­ра и кул­ту­ра и про­фе­сор­ка, и д-р Вен­ко Ан­до­нов­ски, про­фе­сор. И прет­ход­но си­те чле­но­ви на Ка­те­дра­та беа свес­ни де­ка со про­це­си­те на евро­ин­те­гра­ци­ја, при­род­но, ќе опад­не ин­те­ре­сот за изу­чу­ва­ње ма­ке­дон­ски ја­зик и ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и де­ка ќе по­рас­не ин­те­ре­сот за дру­ги, компе­ти­тив­ни ака­дем­ски дис­цип­ли­ни. Че­сто­па­ти и јав­но ука­жу­ваа на по­тре­ба­та од влади­на под­др­шка и сти­му­ли­ра­ње на на­ши­те ид­ни сту­ден­ти.

Од мо­мен­тот ко­га ги со­оп­штив­ме на­ши­те по­тре­би, до мо­мен­тот ко­га, еве, им се радуваме на сти­пен­ди­и­те со кои се сти­му­ли­ра изу­чу­ва­ње­то и на ма­ке­дон­ска­та книжевност и на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, по­ми­на са­мо еден ме­сец. При­јат­но сме из­не­на­де­ни што МОН и ми­ни­стер­ка­та не са­мо што по­ка­жаа раз­би­ра­ње за ака­дем­ска­та со­стој­ба на ма­ке­до­ни­сти­ка­та ту­ку и бр­зо ре­а­ги­раа на на­ши­те по­тре­би. И ве­ру­ва­ме де­ка ова е са­мо прв че­кор на ед­на кон­ти­ну­и­ра­на гри­жа од стра­на на Вла­да­та за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, кни­жев­ност и кул­ту­ра. Нил Арм­стронг, ко­га го на­пра­ви пр­ви­от че­кор на Ме­се­чи­на­та, изви­ка: „Ова е мал че­кор за ме­не, но го­лем за чо­веш­тво­то“. Ние па­ра­фра­зи­ра­ме, во знак на бла­го­дар­ност: „Мо­же­би е ова мал че­кор за МОН, но се­ка­ко го­лем за на­ши­те студенти“.

Нај­важ­но е што мис­лат тие. Еве дел од нив­ни­те мис­ле­ња, изра­зе­ни на ФБ на Ка­те­дра­та:

Ре­ак­ци­ја на сту­ден­ти­те

„Ова е бес­пре­кор­на мож­ност за си­те сту­ден­ти на Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти, во­ед­но и од стра­на на МОН под­др­жу­вај­ќи ги сту­ден­ти­те што сту­ди­ра­ат на Ка­те­дра­та што ја има­ла че­ста да го одр­жи пр­во­то пре­да­ва­ње на Филоло­шки­от фа­кул­тет „Бла­же Ко­не­ски“ во Скоп­је! Горд сум што сту­ди­рам на оваа кате­дра!“

Пе­пи Стам­ков, сту­дент

„Од­лич­на мож­ност за си­те сту­ден­ти на Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јужносло­вен­ски кни­жев­но­сти! Искре­на бла­го­дар­ност до МОН, до ра­ко­во­ди­тел­ка­та на Ка­те­дра­та, проф. д-р Кри­сти­на Ни­ко­лов­ска, и до си­те дру­ги про­фе­со­ри што придонесува­ат за за­чу­ву­ва­ње и истак­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та кни­жев­ност и кул­ту­ра.“

Ве­ри­ца Му­ко­ска, сту­ден­тка

Ми дој­де уба­во на ду­шич­ка­та, ме стоп­ли ин­фор­ма­ци­ја­ва!

Ова е од­ли­чен по­тег на МОН, ко­неч­но да ѝ се да­де важ­ност на ма­ке­до­ни­сти­ка­та!

Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти до­би­ва 15 стипендии за сту­ден­ти што во пр­ва­та го­ди­на од до­дип­лом­ски­те сту­дии по­стиг­на­ле најмал­ку 8,00 про­се­чен ус­пех. Ова е од­ли­чен по­тег на МОН, ко­неч­но да ѝ се да­де важност на ма­ке­до­ни­сти­ка­та! Ова е огро­мен пот­тик за ид­ни­те сту­ден­ти, би­деј­ќи тие не зна­ат што сѐ крие таа ка­те­дра. Оста­ну­ва на нас, кои имав­ме чест да би­де­ме дел од тоа се­мејс­тво, да ка­же­ме, пре­ра­ска­же­ме, пре­не­се­ме… Да мо­жам од­но­во да се за­пи­шам, одно­во да ги до­жи­ве­ам си­те тие го­ди­ни, ве­ру­вај­те ми, без раз­мис­лу­ва­ње би се запишала! Да се би­де дел од тоа се­мејс­тво зна­чи да се има мож­ност да се учи од НАЈГОЛЕМИТЕ ЛУ­ЃЕ што сум ги за­поз­на­ла во овие мои скром­ни го­ди­ни. Ед­но сум сигурна! Се­кој сту­дент што ќе ја из­бе­ре оваа оп­ци­ја ќе ста­не дел од нај­у­ба­во­то се­мејс­тво на пла­не­та­ва!

Ќе на­у­чи ка­ко се са­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик, кул­ту­ра, кни­жев­ност, а пред сè ќе има чест да го на­у­чи тоа од нај­до­бри­те про­фе­со­ри!

Але­ксан­дра Спа­сев­ска, не­ко­гаш­на сту­ден­тка

Ова е гест за по­фал­ба, пр­венс­тве­но до МОН, кои не­се­бич­но и искре­но од оваа го­ди­на ја вклу­чи­ја мож­но­ста за кон­ку­ри­ра­ње на сти­пен­дии од об­ла­ста на ма­ке­до­ни­сти­ка­та, а со тоа на­пра­ви­ја че­кор на­пред кон неј­зи­но воз­ви­шу­ва­ње и про­мо­ви­ра­ње, во­оп­што. Сре­ќа е да се сту­ди­ра ја­зик и кни­жев­ност, осо­бе­но до­кол­ку тоа се изу­чу­ва и ра­бо­ти со љу­бов.

Ан­дреј Јан­ков, сту­дент


Реакции на професорите

Е, ва­ка се трг­ну­ва во од­бра­на на ма­ке­дон­ски­от ја­зик и ма­ке­до­ни­сти­ка­та! Со де­це­нии се за­ла­гав­ме за ова, ама ин­сти­ту­ци­и­те беа глу­ви, и ко­га из­гу­бив­ме на­деж – се слу­чи се­пак ова. Че­ко­рот е мо­же­би мал (има­ше на­ша­та ка­те­дра и дру­ги пред­ло­зи и да­ле­ког­лед­ни ана­ли­зи и ви­зии за тоа ка­ко се бра­ни ма­ке­дон­ски­от ја­зик и иден­ти­тет), ама се­пак е исто­ри­ски!!! Ај­де сту­ден­ти, на­пра­ве­те го по­треб­ни­от ис­че­кор.

проф. д-р Ни­на Ана­ста­со­ва-Шкри­ња­риќ

„Од­лич­на под­др­шка на ма­ке­до­ни­сти­ка­та, во ви­стин­ско вре­ме! Го­ле­ма бла­го­дар­ност до МОН од Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти. Ова е праз­ник за ма­ке­до­ни­сти­ка­та! Да го сла­ви­ме и да го оправ­да­ме со на­ша­та ми­си­ја…“

проф. д-р Кри­сти­на Ни­ко­лов­ска

Искре­но се на­де­ва­ме де­ка МОН ќе про­дол­жи да ја уна­пре­ду­ва со­ра­бо­тка­та со ка­те­дри­те и фа­кул­те­ти­те за­дол­же­ни за раз­вој на ма­ке­до­ни­сти­ка­та и де­ка бро­јот на ид­ни­те сту­ден­ти ќе се зго­ле­ми до тол­ку што ќе има­ме по­тре­ба ве­ќе в го­ди­на да по­ба­ра­ме по­го­лем број сти­пен­дии, ду­ри и за вто­ри­от и тре­ти­от цик­лус на сту­дии. Не се сом­не­ва­ме де­ка ќе би­де­ме пра­вил­но раз­бра­ни од МОН, на чие че­ло се­га стои ми­ни­стер­ка пол­на раз­би­ра­ње за ма­ке­до­ни­сти­ка­та. Тоа го до­ка­жа со овој че­кор.

Ова е на­ви­сти­на пре­крас­на вест. БРАВО за Ка­те­дра­та, за слу­хот на МОН и за љу­бо­вта и по­све­те­но­ста со ко­ја си ја ра­бо­ти­те ва­ша­та бла­го­род­на ра­бо­та. Дај бо­же иста­та ра­дост да ја до­че­ка­ме и за сти­пен­ди­ра­ње на втор и трет цик­лус на сту­дии од све­та­та ни об­ласт ма­ке­до­ни­сти­ка. При­ви­ле­ги­ја е да се би­де дел од оваа про­све­ти­тел­ско-кни­жев­на и јазична фе­ла. Во ова вре­ме-не­вре­ме ва­ква свет­ли­на да­ва искре­на на­деж и ја грее душа­та. Бра­во уште ед­наш. Че­сти­тки за Ва­ши­от искрен ан­гаж­ман.

М-р Мими Спасова-Блажевска, дип­ло­ми­ра­на про­фе­сор­ка

Чест ми е што дип­ло­ми­рав на Ка­те­дра­та за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти и што имав мож­ност да учам од нај­до­бри­те про­фе­со­ри! По­фал­ба за МОН, но и за ра­ко­во­ди­тел­ка­та на Ка­те­дра­та, проф. д-р Кри­сти­на Ни­ко­лов­ска, и дру­ги­те про­фе­со­ри, кои се не­у­мор­ни, пре­крас­ни лу­ѓе, пол­ни со енер­ги­ја. Про­фе­со­ри од кои има што да се на­у­чи! Со оваа од­лу­ка на МОН, мла­ди­те по­лес­но ќе се ре­шат да го на­пра­ват ви­стин­ски­от из­бор за сту­ди­ра­ње!

Ива­на Ве­ли­нов­ска-Бо­це­ва, дип­ло­ми­ра­на про­фе­сор­ка

Скоп­је, 18.11.2020 Ка­те­дра за ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и јуж­нос­ло­вен­ски кни­жев­но­сти