Косовската Влада ја зпочна денешната седница со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.
Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.
– Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените, напиша Харадинај.