Ацо Колевски е нов претседател на Советот на јавни обвинители. Тој едногласно е избран на денешната седница со 10 гласа „за“, а немал противкандидат. За наследник на Коле Штерјев е избран обвинителот кој овозможи Сеад Кочан да излезе од притвор.
Неговиот мандат ќе трае две години, без право на повторен избор.
Досегашниот претседател Коле Штерјев беше избран на 31 август 2017 година, на местото на дотогашниот претседател Петар Аневски.