Во текот на целиот ден збележано е раздвижување на граничните премини Богородица и Табановце.
Автомотосојузот во најновиот извештај за состојбата на патиштата информира дека на овие гранични премини задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 минути со можност за зголемување во наредните часови.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
И утрово времето за чекање на границите беше до 45 минути.