Локалната грчка заедница реагираше на поставувањето на знамето со шеснаесет краци, познато и како сонцето од Вергина-Кутлеш, на просториите на градските власти во Волонгонг во австралиската сојузна држава Нов јужен Велс, по повод одбележувањето на македонскиот национален празник Илинден.
На фејсбук-страницата на грчката заедница наречена „Македонска лига“ беше изразено незадоволство и наведено дека употребата на знамето е незаконска од 1993 година, како и дека неговата легалност е опфатена во привремената спогодба од 1995 година и со Преспанскиот договор.
Грците ги повикуваа локалните власти на одговорност поради употребата на знамето, а дел од корисниците на Фејсбук посочија оти знамето било отстрането.