2020 година можеби е најтажната година за многумина од нас. Година кога многу планови останаа во позадина, кога многу луѓе го загубија животот, година кога откривме колку е важно да сме сите сплотени.
Сепак, оваа година со себе носи и нешто убаво, барем за една група на граѓани, кои, како сите нас, се дел од ова општество и заслужуваат можност да станат најдобрата верзија од себе.
За првпат во Р.С.М. во 2020 година се формира здружение „од деца без родители, за деца без родители“, со целосно име Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“. Ние веруваме дека секое дете заслужува шанса да си ги оствари соништата.
„За тебе“ има цел да го инспирира општеството да им биде семејство на овие деца, со креирање на програми преку кои експертите во својата област ќе можат споделат дел од своето време, знаење и вештини, за и овие млади луѓе да имаат достоинствен живот.
Преку програмите кои Здружението „За тебе“ веќе ги подготвува, ќе се опфатат клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе кои до 18 години имале статус на дете без родители.
Засега, јавноста ќе ги добива сите информации за делувањето на ова здружение преку фејсбук страницата „For You – За тебе“.
Достоинствен живот за сите деца без родители!
Прва и единствена организација во Р.С.М. – од деца без родители, за деца без родители
Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“
Posted by For you – За тебе on Недела, 14 јуни 2020